За јубилејот на кралицата Елизабета излегува реиздание на песната која ја нарече нечовечко суштество

кралицата елизабета втора профимедиа фф3
Кралица Елизабета Втора / Фото: Профимедиа

Антологиската панк-рок химна God Save The Queen од Секс Пистолс ќе биде повторно објавена во лимитирано издание по повод платинестиот јубилеј на кралицата, 45 години откако таа предизвика скандал во кралството.

Антимонархистичката химна, чии остри стихови ги потпишува фронтменот на бендот Џони Ротен, беше објавена во 1977 година, кога кралицата го прослави својот сребрен јубилеј – 25 години на тронот.

Песната, која зборува за кралицата како нечовечко суштество и го нарекува нејзиниот режим фашистички, тогаш беше забранета на радио и телевизија Би-Би-Си.

Но, тоа само ја направи уште попопуларна и заврши на второто место на официјалната листа за синглови, иако многу фанови на панкот до ден-денес мислат дека таа намерно била задржана таму за Род Стјуарт со „I Don’t Want To Talk About It“ да биде на првото место.

Неколку илјади плочи ќе бидат пуштени во продажба на 27 мај. Ова ги вклучува двете оригинални верзии, на „Virgin Records“ и „A&M Records“.

Секс Пистолс, имено, прво потпишаа договор со „A&M“, но поради нивното ужасно однесување, издавачот брзо ги избрка, по што младиот претприемач Ричард Бренсон ги привлече кон својот Virgin.

„Еден од најбараните винили во историјата се враќа на полиците. Двете изданија се во ограничено издание“, пишува на официјалниот Твитер профил на бендот.

Членовите на бендот ја свиреа песната на денот на сребрениот јубилеј додека пловеа со брод на Темза и подоцна беа уапсени еден по еден додека излегуваа на брегот. Во меѓувреме, ставовите на Џони Ротен, со вистинско име Џон Лидон, омекнаа.

„Како човечко суштество, би ми недостасувала во светот“, рече Лидон во интервјуто пред пет години. „Не е таа виновна што е родена во златен кафез“, изјави денеска 66-годишниот панк ветеран.

„Нека живее долго. Не сакам да зборува за своето владеење, но нека живее долго“, нагласи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот