За еден час на ролерки се трошат дури 450 калории, ментално се опуштаме и го активираме хормонот на среќа!

Во дозволените сатници за поминато време на отворен простор, ролерките се вистинско решение за активност од која имаме многу придобивки.

Само со еден час ролање ќе потрошите дури 450 калории. Не само што оваа забавна спортска активност е иделна за слабеење туку и го зацврстува задникот и нозете. Дополнително оваа аеробна активност ни дава можност и ментално да се опуштиме.

Еве пет причини зошто ролерките се суперкорисни.

1.

Ролањето му помага на телото да ги редуцира лошите хормони како кортизол, а го поттикнува лачењето на хормонот на среќата, ендорфин. Затоа со само еден час ролање ќе се чувствувате многу посреќно.

2.

Ролањето ги активира мускулите на целото тело, а посебно ги зајакнува мускулите на нозете и задникот. Со често практикување на оваа активност на забавен начин ќе се ослободите од целулитот, а вашата кондиција ќе биде на завидно ниво.

3.

Ролањето ги топи калориите и мастите. За час ролање ќе стопите меѓу 420 и 450 калории, а како ќе станувате побрзи и постабилни на ролерки, таа бројка секојдневно ќе се зголемува.

4.

Техниката на ролање не е тешка, па бргу се совладува. А самиот спорт не спаѓа во групата на скапи спортови. Се што ви е потребно се штитници и пар ролерки.

5.

За разлика од другите спортски активности кои знаат да бидат здодевни, ролањето е суперзабавно, а со малку вложен труд ќе потрошите многу енергија, ќе направите многу за вашето здравје и ќе се чувствувате многу подобро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот