За Абрамович нема криза, искешира 120 милиони долари, но не за фудбалери

EPA/KERIM OKTEN

Сосптвеникот на Челси се најде во центарот на вниманието на јавноста со последниот потег.

Светските медиуми објавија дека Роман Абрамович за сума од 120 милиони долари го купил славното уметничко дело на норвешкиот сликар Едвард Мунч, „Врисок“.

Слика Врисок/EPA/BAS CZERWINSKI

Медиумите повикувајќи се на извор кој ги следи активностите на аукциската куќа Сотби, тврдеа дека Абрамович на својата импресивна колекција на уметнички дела ја придодаде и сликата од 1895 година која последен пат биде преодадена во 2012 година на американскиот милијардер, Леон Дејвид Блејк.

Оваа вест ја демантира руската новинска агенција ТАСС.
– Информацијата не е точна – изјавил за ТАСС извор близок до Абрамович, но притоа одбил да ги коментира активностите на Русинот на пазарот на недвижнини.

Светските медиуми се скептични на демантот на изворот на Абрамович сметајќи дека тој не сака да привлече внимание во јавноста.

Едвард Мунч во својот сликарски опус насликал четири верзии на „Врисок“, од кои три се сместени во музеите во Норвешка, додека една се наоѓа во приватна колекција и тоа најверојатно во колекцијата на РОман Абрамович.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот