За 4.000 хектари се намалени површините со жито, од 30 до 60 отсто е намалено производството на праски и цреши

Агроекономистите посочуваат дека земјоделците сè почесто се откажуваат од обработка на дел од нивите поради зголемени трошоци за производство, недостиг на работна сила особено во руралните средини и ниска исплатливост кај одредени култури. Дополнително, дел од земјиштето останува запуштен поради иселувањето и стареењето на населението во селата

Станува ли Македонија аграрна држава која секоја година го намалува производството на храна? Судејќи според бројките за 2025 година, во земјава сè помалку се сее жито, се намалува производството на овошје и зеленчук, а се зголемуваат насадите на тутун и на сончоглед. Земјоделските експерти велат дека иако имаме над половина милион хектари обработлива земја, од неа се сади само на 40 отсто. Дел од обработливото земјиште и понатаму останува неискористено, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Според официјалните бројки, во земјава има околу 1,26 милиони хектари вкупна земјоделска површина, од кои приближно 500 илјади хектари се обработливи – ораници, бавчи, лозја и овоштарници. Остатокот го сочинуваат пасишта и ливади. Агроекономистите посочуваат дека земјоделците сè почесто се откажуваат од обработка на дел од нивите поради зголемени трошоци за производство, недостиг на работна сила особено во руралните средини и ниска исплатливост кај одредени култури. Дополнително, дел од земјиштето останува запуштено поради иселувањето и стареењето на населението во селата.

Сè помалку жито

Житото и понатаму е најзастапената култура и се одгледува на околу една третина од обработливото земјиште. Но и покрај тоа што најголем дел од нивите се засеани со жито, бројките велат дека се засеани околу 4.000 хектари помалку со житни култури, најмногу како резултат на несеењето на пченица – дури 2.500 хектари. Ова значи дека годинава ќе има помалку пченица која е основа за производство на лебот, а ова ќе значи дека увозот ќе ја диктира цената на основната животна намирница.

– Се менува структурата на земјоделското производство. Земјоделците сеат и садат култури кои им се поисплатливи за продажба, кои полесно се продаваат, односно имаат пласман за нив, а во исто време им треба помалку труд за да ги произведат – велат агроекономистите.

По 10 илјади денари месечно за деветмесечното отсуство од нивите, обезбедени пари за породилното боледување на земјоделките

Ако се анализира производството на овошје, овде производството е драстично намалено. Производството на праски е намалено за 31,6%, а кај црешите падот достигнува дури 54,1% . Слична е состојбата и кај зеленчукот. Сè помалку се произведуваат домати и пиперки – култури што традиционално се важен дел од домашното производство и извоз.
Овие бројки укажуваат на сериозни проблеми: климатски влијанија, намалена обработка на земјиштето и недоволна исплатливост за производителите.

Растат површините под тутун и сончоглед

За разлика од храната каде што има намалување на одредени култури, раст бележат индустриските и дел од полјоделските култури. Овој тренд покажува дека земјоделците се ориентираат кон култури што носат посигурен приход, често на сметка на основните прехранбени производи.

Бројките велат дека лани производството на сончоглед е зголемено за 6%, на тутунот за 3,5%, а на компирот за 2,3% . Бројките од Заводот за статистика велат дека лани се произвеле 205,5 илјади тони компир, околу 25 илјади тони тутун и 5,6 илјади тони сончоглед. Овој тренд покажува дека земјоделците се ориентираат кон култури што носат посигурен приход, често на сметка на основните прехранбени производи.
Во сточарството има сè помалку добиток, но има повеќе производство на млеко. Според анализата на ДЗС, бројот на овците е намален за околу 10 отсто на околу 470.000, бројот на говедата за околу еден процент, на  кокошките за околу 10%. Навидум парадоксално, но експертите тврдат дека зголеменото производство на млеко се должи на зголемена продуктивност.

Земјоделките ќе се дотеруваат во фризерски и козметички салони отворени со европски пари

Лани се произведени 290 милиони литри кравјо млеко и 26,7 милиони литри овчо млеко. Раст има и кај свињите, каде бројот е зголемен за 18,5%, најмногу кај индивидуалните фарми. Иста е состојбата и кај кокошките. И покрај намалениот број кокошки, производството на јајца е зголемено. Ова се должи на подобрена технологија и поефикасно производство на фармите. Но, ваквиот раст не значи стабилност – цените на јајцата беа во пораст и подложни на осцилации, што укажува на нестабилен пазар.

Лани сме извезле овошје и зеленчук во вредност од 256 милиони евра

Според најновите анализи, минатата година Македонија извезла околу 270 илјади тони овошје, зеленчук и нивни преработки во вкупна вредност од околу 256 милиони евра. Овој сектор учествува со најголем дел во вкупниот извоз на храна од земјава. Иако вредноста на извозот бележи благ раст од околу 1,8%, количините се намалени за речиси 13% во споредба со 2024 година. Најголем интерес на странските пазари има за свежо овошје, најмногу грозје и јаболка, зеленчук и тоа пиперки, домати и зелка и преработки како конзервирани и замрзнати производи. Извозот главно е насочен кон земјите од Европската Унија и земјите од регионот (ЦЕФТА)
И покрај големиот извоз Македонија и натаму увезува значителни количини овошје и зеленчук. Во 2025 година увозот достигнал околу 180 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот