Вулканот Тал направи хаос на Филипините: Коњи и крави се удавиле во вулканската пепел (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Жителите кои живеат во подножјето на вулканот и покрај наредбата за евакуација се вратиле во своите домови за да се обидат да им помогнат на несреќните животни.

Тажни сцени од мртви коали и кенгури настрадани во пожарите во Австралија сега се заменети со тажни слики од коњи и крави закопани во пепел, кој го исфрли вулканот Тал на Филипините.

Социјалните мрежи се преплавени со снимки од полузакопани крави и коњи покриени со пепел, изгладнети свињи, кучиња и птици кои не побегнале од островот.

Жителите кои живеат во подножјето на вулканот и покрај наредбата за евакуација се вратиле во своите домови за да се обидат да им помогнат на несреќните животни.

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија предупреди дкеа е возможна „експлозивна ерупција“ на вториот најактивен вулкан на Филипините во наредните часови или денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот