ВУЛКАНОТ ПАКАЈА ПОВТОРНО Е АКТИВЕН: Исфрла лава и до 150 метри во височина

Фото: Профимедиа

Засега не е побарано да се евакуира населението кое живее во близина на вулканот.

Властите во Гватемала внимателно ја следат зголемената активнсот на вулканот Пакаја, кој се наоѓа на 20 километри од главниот град, бидејќи во последните неколку часа исфрлува лава, соопшти денеска тамошната цивилна заштита.

Од вулканот, кој е на 2.552 метри надморска височина, во последните часови одекнуваат експлозии и излегува лава, информираат од цивилната заштита, од каде се додава дека исфрлувањето на лава достигнало и до 150 метри над кратерот.

Засега не е побарано да се евакуира населението кое живее во близина на вулканот.

Во претходната ерупција на Пакаја во мај 2020 година страдаше еден телевизиски новинар кој доби труење од гас од вулканот.

Пакаја, вулканот кој речиси цел век беше мирен, стана повторно активен во 1961 година, а потоа следуваа две ерупции во 2004 и 2010 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот