Вуди Ален негира дека заминува во пензија
Американскиот режисер и писател Вуди Ален ги демантираше неодамнешните наводи дека ќе се пензионира по својот следен филм.
„Мојата идеја, во принцип, е да не снимам повеќе филмови и да се фокусирам на пишувањето“, наводно рекол Ален, пренесе „Ла Вангардија“.
Минатата недела, во интервју за шпанскиот весник „Ла Вангардија“, беше кажано дека планот на Ален е да се пензионира по излегувањето на неговиот следен филм, велејќи дека пoтоа ќе започне да пишува роман. Меѓутоа, во изјавата која ја доби „Вариети“, режисерот ги појаснил коментарите, а неговите претставници рекле.
„Вуди Ален никогаш не рече дека се пензионира, ниту, пак, рече дека пишува уште еден роман.
Тој рече дека размислувал да не снима филмови затоа што не му е толку пријатно да прави филмови кои директно или многу брзо одат на платформите за стриминг, бидејќи е голем љубител на кино- искуството. Во моментов нема намера да се повлече и е многу возбуден што ќе биде во Париз на снимањето на својот нов филм, кој ќе биде негов 50-ти.“
View this post on Instagram
Режисерот моментално работи на својот 50-ти и последен филм наречен „Wasp 22“ кој е целосно снимен на француски и е сличен на трилерот „Match Point“.
View this post on Instagram
Производството на неговиот последен филм треба да започне за неколку недели.
Вуди Ален одлучил да работи во Европа во последните години поради намалената поддршка во САД поради наводите за злоупотреба, пишува „Дејли Мејл“.
View this post on Instagram
Неговата поранешна партнерка Миа Фароу го обвини дека сексуално ја злоставувал неговата посвоена ќерка Дилан во 1992 година, кога таа имала седум години.
View this post on Instagram
Режисерот отсекогаш ги негирал обвинувањата за злоупотреба и никогаш не било покренато обвинение против него, иако Дилан (37) остана на нејзините наводи за злоупотреба.
Миа Фароу призна дека Вуди Ален ѝ бил најголемата грешка во животот