Вучиќ: Србија не доби сигнал од Америка за НИС, рафинеријата ќе се затвори в сабота или в недела

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека државата не добила сигнал од САД за Нафтената индустрија на Србија (НИС) и дека рафинеријата ќе се затвори в сабота или в недела, објави „Нова“.

„Во сабота или недела излегуваме од т.н. тивок режим. Тогаш, веројатно, мора да се затвори рафинеријата. Не добивме сигнал од САД дека ќе ја добиеме лиценцата за да може повторно да се обнови производството на нафтени деривати. Но, што да правиме“, изјави претседателот Вучиќ на заедничко обраќање со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарија ѝ подава рака на Србија: нафтената компанија МОЛ преговара за купување удел во НИС

Вучиќ додаде дека, според сознанијата на Белград, OFAC би донел позитивна одлука за издавање лиценца, но се чека конечната одлука од Стејт департментот.

„Таа одлука сè уште ја нема. Тоа нè доведува во тешка позиција. Подготвени сме. Граѓаните не треба да се грижат ниту за греењето, ниту за електричната енергија, ниту за пумпите. Им рековме да ни дадат време за вистинскиот сопственик да може да ја продаде својата имотна состојба, а од наша страна дадовме гаранции дека сè ќе биде онака како што побараа. Ако ни тоа не е доволно, тогаш се плашам дека зад сето ова стојат некои други работи“, наведе Вучиќ.

Вучиќ им се обрати на Американците: Вчера молев, денеска барам да се обнови лиценцата за НИС

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот