Александар Вучиќ/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Вучиќ му одговори на Милановиќ: Нема да се изживуваш над мене

Српскиот претседател Александар Вучиќ екрпресно му одговори на претседателот Зоран Милановиќ и рече дека ја поддржува неговата одлука за откажување на самитот „Брдо-Бриони“, пренесе Танјуг.

Вучиќ рече дека „за него нема место таму и дека отсекогаш сакал да оди и да положи цвеќе во Јасеновац како српски претседател, и дека тоа му било неспоредливо поважно“.

„Можам професионално да одам во Бриони, да ја слушнам другата страна, да разговарам, бидејќи никогаш не сум се плашел од дијалог“, вели Вучиќ.

Вучиќ смета дека Милановиќ не морал да го откаже целиот состанок, туку можел да го организира и без него.

„Што се однесува до изјавите на кои се повикува Зоран Милановиќ, јас не сум негово момче за задачи и јас не сум Пленковиќ, па тој мисли дека може да се изживува над мене како што се изживува врз некои свои луѓе или  претставници на други земји. Исто како што не сакам ниту Пленковиќ ниту Грлиќ Радман да ми диктираат што ќе кажам. Јас зборувам како слободен и либерален претседател на Србија и ја зборувам вистината“, рече Вучиќ.

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ доцна попладнево објави дека нема услови за доаѓање на српскиот претседател во Хрватска, поради што одлучи да го откаже состанокот од процесот „Брдо-Бриони“.

Милановиќ не го сака Вучиќ во Хрватска, го откажа самитот „Брдо-Бриони“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот