Вучиќ се закашла на прес-конференција: Знам дека на многумина ќе им беше драго да е корона, но не удира гром во коприви (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера држеше прес-конференција за време на која почна да кашла додека пиеше вода.

Во салата настана молк, а по кашлањето од десет секунди, Вучиќ рекол дека се засркнал од водата.

„Само малку се засркнав, не грижете се, не е корона. Знам дека на многумина ќе им беше драго да е корона, но не удира гром во коприви“, кажа Вучиќ.

Во Србија се пријавени 19 случаи на инфекција со коронавирус, а воведени се и строги забрани за собирање во затворени простории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот