Вучиќ пристигна во Истанбул, Ердоган го дочека со најголеми почести

Фото: instagram

Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево пристигна во Истанбул каде ќе се состане со неговиот турски колега, Реџеп Таип Ердоган.

По тој повод, Вучиќ се огласи преку својот Инстаграм налог, насловен како „Иднина на Србија“, на кој објави фотографии од дочекот.

Вучиќ и Ергодан, според медиумските најави, ќе се сретнат утре попладне на работен ручек.

Претседателот на Србија беше дочекан со почесен кордон на аеродромот во Истанбул.

„Не мора да кажувам колку ќе бидат важни разговорите со турскиот претседател“, рече Вучиќ пред поаѓање за Истанбул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот