Вучиќ: На Србија не и одговара замрзнување на конфликтот со Косово

Александар Вучиќ/ Фото ЕPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска оцени дека на Србите не им одговара замрзнувањето на конфликтот со Косово, бидејќи западните сили нема да го сменат нивниот став околу тој проблем, пренесува Бета.рс.

,,Има и такви кои тврдат дека, како што поминува времето, ние сме се посилни, а тие се послаби. Економски да, но политички е веќе друго прашање, бидејќи западните сили својот став околу Косово и Метохија не го менуваат. Што и да се случи, тие ќе се залагаат за независноста на Косово и отстранувањето од Србија по секоја цена“– изјави Вучиќ пред пратениците во Собранието на Србија.

Тој додаде дека замрзнувањето на конфликтот не им одговара на Србите кои и понатаму живеат во тие делови на Косово и нивниот начин на живот е неспоредливо потежок од тој на луѓето во централна Србија.

,,И тие сакаат да постојат преговори, да можеме во иднина да дојдеме до компромисно решение. Доколку не дојдеме, тој конфликт некој ќе го одмрзне. А ако се случи тоа, не е веќе прашање кој има повеќе оружје и кој е посилен, туку кој има право да враќа нечии деца во смртни сандаци“– рече претседателот Вучиќ.

Според него, задачата не е лесна и дека не е време за преголеми очекувања кои не се поклопуваат со реалноста.

Во својот говор тој кажа дека грешат оние кои мислат дека купувајќи време ќе го решат проблемот, и според начинот на кој ќе се справат со решението, ќе се види во каква состојба ќе се остави државата на идните генерации. Вучиќ вели дека во Косово и Метохија моментално живеат 95 илјади Срби и 1,35 милиони Албанци, а во минатото бројот на Срби, Црногорци и Југословенци во Косово бил над 30%, а сега односот е еден спрема 15 во корист на Албанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот