Вучиќ и Ѓукановиќ се согласија дека не се согласуваат за законот за верски слободи

Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Долго зборувавме за положбата на српскиот народ и за неодамна донесениот закон за верски слободи во Црна Гора. Се согласивме дека нашите ставови и позиции се многу оддалечени и дека не може да се постигне заеднички став за овие прашања, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека синоќа имал тежок и сложен разговор со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

-Долго зборувавме за положбата на српскиот народ и за неодамна донесениот закон за верски слободи во Црна Гора. Се согласивме дека нашите ставови и позиции се многу оддалечени и дека не може да се постигне заеднички став за овие прашања,  изјави Вучиќ за „Блиц”.

Вучиќ оцени дека се согласил со Ѓукановиќ наскоро да ги продолжат разговорите.

-Разговаравме како цивилизирани и одговорни луѓе, свесни дека Србија и Црна Гора никогаш не треба да бидат антагонизирани една на друга и дека е потребно да се продолжат разговорите што е можно поскоро, кои ќе доведат до натамошно намалување на тензиите и изнаоѓање решенија, кажа Вучиќ,.

Тој додаде дека е разговарано и за европскиот пат на Србија и Црна Гора и е договорена поголема меѓусебна координација на идните настапи пред европските институции и за продолжување на разговорите за поголема слобода и брзина на проток на стоки, луѓе, капитал и услуги во регионот (мал Шенген).

Претседателите на Србија и Црна Гора разговараа за време на официјалната вечера која домаќинот, израелскиот претседател Рувен Ривлин ја приреди за 40 светски лидери, пред денешната комеморативна церемонија по повод 75-годишнината од ослободувањето на затворениците од нацистичкиот логор Аушвиц-Биркенау.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот