Вучиќ: ЕК не понуди помош, туку кредити

– Горд сум што Србија не е на листата со Украина, Босна и Херцеговина, Тунис, Албанија, Косово и Северна Македонија, вели Вучиќ.

По обвинувањата на српската опозициска Партија за слобода и правда (ССП), чиј лидер е Драган Ѓилас, насочени кон одлуката на власта и претседателот на Србија Александар Вучиќ да одбијат стотици милиони евра помош од ЕК, со реакција се огласи и српскиот претседател.

– Горд сум што Србија не е на листата со Украина, Босна и Херцеговина, Тунис, Албанија, Косово и Северна Македонија за финансиска помош од Европската комисија. Мора да напоменам дека ЕК не понуди финансиска помош, туку поволни кредити за земји кои имаат нарушувања во платниот биланс,истакнува Вучиќ.

Според него Србија нема такви проблеми.

– Зошто да земеме 600 или 700 милиони повеќе отколку што ни е потребно? Веќе зедовме 200 милиони евра. Од Меѓународниот монетарен фонд одбивме 1,2 милијарди и јас сум горд на тоа, изјави Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот