ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и малку потопло

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени, вели временската прогноза на Слачо Попоски за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Потоа за време на викендот, како и во почетокот од следната недела времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Утре сѐ уште ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -2 степени.

Максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени во најтоплите предели од државава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот