ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево, ама многу студено

Зима во Скопје / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ СТУДЕНО со мала до умерена локална облачност. Особено долж повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 3 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и СТУДЕНО со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 0 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност. Особено долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро и понатаму ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со минимални температури кој понекаде ќе се спуштаат и под -10 степени, додека максималните ќе бележат тенденција на пораст и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот