Фото: Принтскрин

„Време е за блокади, да се обединиме“: Дијана Хрка вели дека шаторот ѝ станал втора куќа

Дијана Хрка, мајката на трагично загинатиот Стефан во уривањето на надстрешницата на железничката станица во Нови Сад, го поддржа предлогот на превозникот Миломир Јаќимовиќ за блокада на Белград и ги повика граѓаните на Нови Сад да се приклучат.

Како што пренесува Nova.rs, таа истакна дека е време за обединување и организирано дејствување.

На прес-конференција, Хрка изрази задоволство што Јаќимовиќ и неговиот син го прекинале штрајкот со глад и најави дека вечерва ќе стапат во контакт за понатамошни договори околу протестните активности.

„Го поддржувам неговиот план за блокада, но допрва ќе се договараме. Важно е конечно да се обединиме, да бидеме под еден шатор и да одлучиме како понатаму“, изјави таа.

Како можен модел го спомена и предлогот за блокада во траење до 48 часа.

Хрка, која веќе седумнаесет дена престојува во протестниот шатор пред Собранието на Србија, иако го прекина штрајкот со глад, вели дека останува решена да продолжи со притисокот врз институциите.

Шаторот, како што вели, станал нејзинa „втора куќа“.

Таа повтори дека ќе направи сè за да се постигне правдa за нејзиниот син и за другите жртви, но и за да се „обедини народот и да се спротивстави на злото“, како што ја опишува состојбата во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот