Време е да почнете да додавате коприва во вашата исхрана, еве зошто

unsplash

Иако копривата звучи како нешто од што би „избегале“, оваа зелена билка го подобрува метаболизмот, го регулира шеќерот во крвта, спречува зголемување на телесната тежина и ја намалува болката.

Копривата е пролетна билка која во изобилство расте во нашата земја. Лисјата се богати со витамини, минерали, аминокиселини и моќни антиоксиданти, вклучувајќи полифеноли и каротеноиди.

Зошто нешто со сите тие хранливи материи има толку застрашувачко име и предизвикува одбивност?

Копривата – Urtica dioica потекнува од латинскиот збор uro што значи „да се изгори“, бидејќи копривата може да предизвика привремено чувство на печење при допир.

unsplash

Стеблата и лисјата на копривата се покриени со иглички – влакна, наречени трихоми, и секој трихом содржи мешавина од „иритирачки“ соединенија, вклучувајќи хистамин, ацетилхолин и  серотонин. Малите влакна се кршливи и се распаѓаат при допир со човечка кожа, што инстантно може да предизвика иритација, чешање, црвенило и оток.

Но, нема потреба да поминувате низ овој „терор“ за да ги искористите придобивките од копривата. Таа откако ќе се исуши, замрзне или ќе се свари, може безбедно да се консумира.

Всушност, самото растение се користи со векови. Античките Египќани користеле коприва за третирање на артритис и болки во долниот дел на грбот, а Римските трупи се мачкале со коприва за да се стоплат.

unsplash

Бидејќи копривата содржи состојќи кои го регулираат шеќерот во крвта, го намалуваат воспалението и го зголемуваат мокрењето, таа се користи за лекување на дијабетес, остеоартритис, инфекции на уринарниот тракт, камења во бубрезите, зголемена простата и болки во мускулите.

Кога се консумира како билка, се чини дека копривата има позитивно влијание и врз нашиот метаболизам. Таа воедно помага при согорување на маснотиите. Неодамнешното истражување на Универзитетот во Мериленд, открило дека хранењето на глувци со лисја од коприва спречило да се здебелат и покрај тоа што биле хрането со храна богата со маснотии.

unsplash

Кремите кои содржат коприва се користат за болки во зглобовите и разни кожни болести, вклучувајќи егзема и првут.

Со суви лисја од коприва може да си направите чај, да ги додавате во супи, чорби, смути и слично.

Но, секако, пред да почнете со употреба на екстракт, билка или крема од коприва најдобро е да се консултирате со вашиот лекар или фармацевт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот