Враговиќ и Николиќ за уште посилен Работнички

фото: МКФ

Кошаркарскиот клуб на Работнички ангажираше две нови имиња во својот состав, Србинот Петар Николиќ и Хрватот Карло Враговиќ.

Новите засилувања играат на позицијата бек, Враговиќ (31) минатата сезона ги бранеше боите на романскиот клуб Стеауа Букурешт, во тамошниот шампионат во 17 натпревари имаше просек од 12,6 поени, 2,9 скока и 3,6 асистенции по меч.

Во кариерата настапуваше уште за Бурсаспор, Босна Широки, Сутор Монтегранаро, Цибона, Задар, Дубрава, а веќе има искуство од нашата земја бранејќи ги боите на Фени Индустри.

Николиќ (26) исто така веќе има играно за македонска екипа, Еуро Никел. Во нашата Прва лига во 17 натпревари имаше просек од 4,8 поени, 2,8 скока, 2,6 асистенции и 1,2 украдена топка по натпревар. Претходно играше уште за Фени Индустри, Водвански Лисици Скопје и Блокотехна.

Потсетување дека Работнички дека на стартот од новиот шампионат ќе се сретне против градскиот ривал МЗТ Скопје Аеродром, а како што е веќе најавено ќе биде дел од АБА2 лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот