Вработен во „Боинг“: Моделот „737 Макс“ го дизајнирале кловнови надгледувани од мајмуни

Фото: EPA-EFE/GARY HE

Во февруари 2018 година, еден работник го прашал својот колега: „Дали би дозволил твоето семејство да патува во Макс кој е проверен во симулаторот? Јас не би го дозволил тоа“.

Интерните пораки на вработените во „Боинг“ открија нови сомненија за моделот „737 Макс“, како и дека еден работник рекол оти овој авион го дизајнирале „кловнови“. Произведувачот на авионот соопшти дека овој начин на комункација е „порполно неприфатлив“.

Моделот „737 Макс“ е приземјен во март 2019 година, по два фатални пада во Индонезија и Етиопија во кои вкупно загинаа речиси 350 лица. „Боинг“ соопшти дека ги објави редактираните пораки за да покаже дека е транспарентен. Американската Федерална администрација за авијација и Конгресот минатиот месец ги добија оригиналните верзии на пораките.

– Овие пораки не се одраз на компанијата, ниту треба да бидат и потполно се неприфатливи – соопшти компанијата.

Еден вработен во април 2017 година напиша: Овој авион го дизајнирале кловнови кои ги надгледувале мајмуни. Во друга порака, од ноември 2015 година, се наведува дека компанијата лобирала против приговорите од регулаторната агенција на одредени аспекти на тренингот во симулаторот. Во февруари 2018 година, еден работник го прашал својот колега: „Дали би дозволил твоето семејство да патува во Макс кој е проверен во симулаторот? Јас не би го дозволил тоа“.

Претседателот на комисијата на сообраќај во Претставничкиот дом Питер Дефазио рече дека пораките „укажуваат на координиран напор од најраниот паериод на прогорамот на „737 Макс“ од регулаторите и од јавноста да се прикријат клучни информации“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот