Вработен крадел во Бекингемската палата, па добил осум месеци затвор

Фото: ЕПА

Еден од вработените во Бекингемската палата заврши со казна затвор од осум месеци откако украл десетина медали, потпишани фотографии и останати вредни предмети од лондонскиот дворец во кој живее британската кралица.

Уапсениот 37-годишен работник ја признал кражбата, пренесе новинската агенција „Press Association“.

Полицијата во неговиот стан во палатата во текот на претресот открила „поголем број“ на украдени предмети.

Дел од украдените предмети тој ги продавал под нивната реална вредноста на „eBay“, а меѓу нив биле и две многу вредни медали и фото албум со фотографии направени за време на свечниот пречек во палатата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Мажот во палатата работел како еден од членовите на слугите од 2015 година.

„Press Association“ пишува дека експертите и познавателите на вредноста на украдените предмети велат дека штетата е проценета на меѓу 10.000 и 100.000 фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот