Инцидент во Трговски центар во Хонг Конг/Фото: Скриншот

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Полицијата во Хонг Конг застрела маж кој се обиде да избоде жена

Полицијата во Хонг Конг вчера застрела и уби маж кратко пред да избоде жена во трговски центар во Туен Мун Таун Плаза, пренесува Хонг Конг фри прес.

Видео објавено на социјалните мрежи го покажува мажот како мавта со нож, а потоа зема жена како заложник држејќи ја нејзината чанта.

Сепак, непосредно пред да ја нападне, полицијата успева да ја одвлече и да го застрела.

Напаѓачот бил застрелан пет пати и со возило на брза помош бил однесен во болница, каде што им подлегнал на повредите.

На видеото се гледаат и многу луѓе како бегаат од местото на настанот во страв и паника за да се спасат.

Причината за инцидентот, засега, останува непозната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот