ВОЗНЕМИРУВАЧКА ПРЕСМЕТКА: Боинг 737 макс би паднал 15 пати за време на неговото користење

Боинг / Фото Архива

Американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство (ФАА) пресмета дека моделот 737 макс на Боинг би се срушил вкупно 15 пати за време на неговото употребување.

Интерните калкулации на ФАА објавени по првата фатална несреќа на овој модел на Боинг покажаа дека тој патнички авион би се срушил 15 пати и дека би усмртил преку 3.000 патници, пишува „Бизнис инсајдер“.

Предвидувањето, направено пред втората несреќа, влијаело тој авион да биде приземјен ширум целиот свет. Оваа информација стигна во јавноста кога предвидувањето е објавено во документите изнесени на сослушувањето на Комиетот за транспорт во Вашингтон.

Објавените податоци се засноваат на интерна анализа спроведена од ФАА по катастрофата на авионот на „Лајон ер“ во октомври 2018 година, кога загинаа 189 лица.

Пресметките на ФАА велат дека до несреќата стигнало по речиси 136.000 часа летање на тој авион.

На основата на таа бројка, во комбинација со очекуваната експлоатација на тој модел на авионот (максимално 45 години), пресметано е дека би дошло до 15 несреќи, се наведува во документот од сослушувањето.

Во зависност од конфигурациите на авионот и пополнтоста на местата во него, во 737 макс може да има најмногу 230 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот