Возачот на сараевскиот трамвај: Причината за несреќата e дефект, жал ми е за децата
Кантоналниот суд во Сараево го одби предлогот за определување едномесечен притвор за Аднан Касаповиќ, кој управувал со трамвајот во моментот на тешката сообраќајна несреќа што се случи во четвртокот, пренесува Кликс.ба.
Препорачано
ВИДЕО| Страшна несреќа во Сараево – трамвај излета од шините, момче загина, неколкумина се повредени
Според наводите на обвинителството, досегашниот тек на истрагата упатува дека несреќата, во која едно лице го загуби животот, а четири беа повредени, се случила поради човечки фактор. На рочиштето било побарано на Касаповиќ да му биде одреден едномесечен притвор.
Протест во Сараево – „Ако нè убиете сите, од кого ќе крадете?“
Несреќата се случила кога трамвај од чехословачко производство, стар повеќе од 40 години, со голема брзина влегол во свиок, излетал од шините и удрил во трамвајска постојка, која била целосно урната.
Одбраната, пак, тврди дека причината е технички дефект познат како „залепено возење“, што, според нив, оневозможило намалување на брзината. Адвокатите истакнале дека нивниот клиент е искусен возач и дека во конкретниот случај дошло до трипати поголемо забрзување од вообичаеното.
ВИДЕО | Камера од автомобил ја снимила трамвајската несреќа во Сараево
„Возачот се обидел да ја намали брзината, но поради таканареченото ‘залепено возење’ тоа не било можно“, изјавил адвокатот Елмин Плеќан, додавајќи дека истиот ден на терминалот на Илиџа имало сличен инцидент со ненадејно забрзување на трамвај.
Касаповиќ се согласи со наводите на одбраната, посочувајќи дека не се чувствува виновен и дека проблемот е од техничка природа. Тој нагласи дека вакви дефекти се добро познати меѓу вработените во јавното претпријатие Градски превоз Сараево (ГРАС) и дека често се случуваат кај овие типови трамваи.
ВИДЕО | Камера од автомобил ја снимила трамвајската несреќа во Сараево
„Имав сличен случај пред 20 години. Во трамвајот има видеонадзор и снимката ќе покаже многу. Таа сè уште не е прегледана. Жал ми е. Жал ми е за децата. Во тешка состојба сум.“, изјави Касаповиќ.


