Возачите на камиони се во сериозни проблеми – ќе бидат третирани како туристи

Новиот систем за влез во Европската Унија (ЕУ), кој вклучува електронска регистрација и биометрија, може да предизвика големи проблеми во меѓународниот транспорт. Возачите на камиони се плашат бидејќи, како што велат, се третираат исто како туристи, што може да го загрози протокот на стоки и да влијае на економијата, пишува Forbes Serbia- пренесе Каматица.

Неѓо Мандиќ од здружението „Меѓународен транспорт“ за Forbes Magazine вели дека неколку пати разговарале за овој проблем со претставници на ЕУ.

– Од првиот ден кога сфативме дека проблемот ќе дојде, почнавме да работиме на тоа и постојано се допишувавме со Европската комисија. Бевме и во Брисел пред неколку месеци и имавме добра презентација во која ги објаснивме сите причини зошто нема причина да има ограничување за професионалните возачи, со сите аргументи кои се неоспорни – истакна Мандиќ.

Тој наведува дека ги споредиле целите што ги имала ЕУ при воведувањето на системот и објасниле дека возачите не спаѓаат во таа категорија. Возачите се посебна група луѓе кои многу често и исклучиво професионално влегуваат во ЕУ.

Мандиќ предлага потенцијално решение:

– Постои друго решение, а тоа е виза за професионална група за возачите да се сметаат за професионална група и да се добие посебна виза за повеќекратни подолги престои – вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот