Вооружени разбојници влегле во домот на поранешен италијански репрезентативец
Лука Тони, членот на италијанската репрезентација која во 2006 година триумфира на СП, се најде на мета на наоружани разбојници.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, крадците влегле во домот на семејството Тони и тоа во моментите кога сите биле присутни и им наредиле да ги предадат сите скапоцени работи.
„ Криминалците добро ги знаеле навиките и движењето на семејството Тони. Тројца од нив упаднале во домот, а четвртиот чувал стража. Пред вилата бил запален автомобилот кој ги чекал да излезат криминалците и да зибегаат. За среќа, децата не се вмешани во овој настан“, објавија италијанските медиуми.
Поранешниот репрезентативец кој со Италија во 2006 година триумфира на Светското првенство, се огласи преку социјалните мрежи.
„Вистина е дека во четвртокот вечерта дојде до инцидент. Тројца вооружени мажи влегоа во нашиот дом додека бев заедно со семејството. Имаа маски на лицата и зедоа се што можат да однесат. Ова е траувматско искуство за мене, посебно за моите деца, но најважно е дека сите сме добро. Полицијата брзо пристигна бидејќи некој од соседите видел што се случува. Сепак, тие успеаја да побегнат, а на камерите не се гледа многу. Засега барамп приватнос за себе и семејството“, напиша Тони на Инстаграм.