Вооружен напаѓач уби двајца, а рани четири лица во град во Тексас

Полиција, Тексас / Фото: Архива

Вооружен маж синоќа уби две и рани уште четири лица во областа Далас-Форт Ворт во Тексас, од кои тројца полицајци и потоа си го одзеде животот, соопшти полицијата во Тексас.

Портпаролот на полицијата во Халтом Сити, Мет Спилен, потврди дека сите ранети во престрелката се здобиле со повреди кои не се опасни по живот и се очекува нивно успешно закрепнување, пренесуваат американските медиуми.

Едниот полицаец бил застрелан во двете нозе, а другите двајца во рака, додека осомничениот починал од прострелна рана што самиот си ја нанел.

Портпаролот Спилен рече дека тексашки ренџери, елитни полициски сили во државата, ќе ја преземат истрагата и потврди дека мотивот за пукањето засега е нејасен.

-Нашиот главен фокус е да откриеме како и зошто сето ова се случи, рече Спилен.

Настраданата жена била пронајдена мртва во куќата, а мажот е пронајден мртов пред куќата, изјави претставник на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот