Вокер вечерва на средба кај Харадинај

ФОТО: EPA/VALDRIN XHEMAJ

Според тамошните медиуми, неговата посета ја искористил и за да влијае на составот и коалициите за идната влада.

Поранешниот шеф на Мисијата на ОЕБС на Косово, Вилијам Вокер вечерва ќе биде гостин кај премиерот во заминување Рамуш Харадинај.

Од канцеларијата на Харадинај велат дека средбата е планирана за во 19:30.

Посетата на Вокер на Косово е по повод 21 годишнина од случувањата во Рачка. Доаѓа на покана на вицепремиерот Беџет Пацоли.

Во изминатите неколку дена Вокер оствари повеќе средби со личности од политичката сцена на Косово. Според тамошните медиуми, неговата посета ја искористил и за да влијае на составот и коалициите за идната влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот