arsenal.com

Војнески ни потврди: Се договоривме со Арсенал, доаѓа Илиев!

Арсенал во меѓувреме ги објави имињата на играчите на кои менаџерот Унаи Емери ќе смета на пред-сезонската турнеја како подготовка за новата сезона.

Меѓу нив не е Илиев, а нашиот чувар на мрежата веќе пронајде нов клуб каде што ќе има редовна минутажа во текот на натпреварите, а дефинитивно ќе му бидат потребни доколку сака да конкурира за голманската позиција и во националната А селекција кај селекторот Игор Ангеловски.

EPA-EFE

Потврдено ни е дека Илиев во наредната натпреварувачка сезона 2019/2020 ќе настапува како позајмица во редовите на словачкиот клуб Серед кој е предводен од македонскиот тренер Славче Војнески.

Токму Војнески потврди ексклузивно за „Слободен печат“:

– Има вистина, вчера во доцните часови и последните детали беа договорени со Арсенал. Во текот на денешниот ден очекуваме да пристигне Илиев – ни изјави Војнески.

Минатата сезона во најсилната словачка фудбалска лига, тимот на Серед се најде на шестата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот