„Војната“ во Аталанта продолжува: Капитенот на Инстаграм ја докажува својата „невиност“

epa07549113 Atalanta's Papu Gomez reacts during the Italian Serie A soccer match between SS Lazio vs Atalanta BC at the Olimpico stadium in Rome, Italy, 05 May 2019. EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Аталанта во последните седум натпревари нема пораз во Серија А, има пет победи и само два нерешени резултати кои ја искачија на петтото место на табелата и сето тоа без капитенот Папу Гомез кој поради кавгата со тренерот Џанпјеро Гасперини наскоро ќе го напушти клубот.

Тренерот Гасперини воопшто не сметаше на капитенот Гомез на последните седум натпревари, но нивната „војна“ не е прекината туку доби нова „мултимедијална компонента“.
Гасперини вели дека неиграњето на Папу Гомез е од тактички причини.

– Па што ако Гомез не игра. Излезе дека тоа е добро за екипата. Сакав да пробам нова поинаква верзија на тимот. Бевме во проблеми и Гомез едноставно не се вклопуваше, мојот избор е од чисто тактичка природа. Видов дека патиме на средината на теренот и одлучив Мартен де Рон и ремо Фројлер да имаат поголема помош. Го правевме тоа и во минатото, но овој пат ниту едната страна не сакаше да ја прифати одлуката – изјави Гасперини.

Папу Гомез претходно изјавуваше дека се ќе објасни кога ќе си замине од Аталанта, но не можеше да ја премолчи оваа изјава на тренерот. Тој на своето „стори“ на Инстаграм постави 12. снимки на кои се гледа како игра на левата страна и како им помага на соиграчите, но и во креирањето на играта.


Италијанските медиуми сметаат дека ова не е вистинската причина за кавгата помеѓу капитенот и тренерот, дека работите се далеку посериозни и дека управата е ставена пред избор – или ќе си замине Папу Гомез или Џанпјеро Гасперини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот