Војна на естрадата: Неда Украден ја нападна Лепа Брена, мисли дека е лош пример!

Фото: Принтскрин

Неда Украден (69) и Лепа Брена (59) некогаш беа многу блиски пријателки и поради работата, но и во приватниот живот. Но, српските медиуми пишуваат дека сега Неда се „закачила“ на Брена.

Порталот „Експрес“ пишува дека Неда ја предупредила Брена, бидејќи по некои портали видела како излегува од дома. Рекла дека таа може да поминува толку време сама во стан и не разбира зошто тоа не би го можела и брена. Смета дека е лош пример за народот кои ги следи естрадните личности.

Неда вели дека токму пејачите треба да бидат пример на луѓето, да ги поттикнат во овие времиња да останат дома, а не да излегуваат како што тоа го прави Брена.

На овие коментари Брена не врати ништо, ниту пак им придала важност.

 

View this post on Instagram

 

MAC 2020❤️?Beograd

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Лепа Брена инаку секојдневно со својот бенд прават онлајн концерти во живо. Се разбира, од своите домови. Неретко покажува и емоции поради пандемијата на коронавирусот кој го зафати целиот свет.

– Мојот бенд има семејство и настојувам да работам поради нив. Немам потреба да правам многу концерти, а првпат во кариерата ми се случило да не работам месец дена. Сакам да дадам мал допринос и да и покажам на публиката дека можеме да пееме без оглед на целата ситуација – рекла пејачката во една утринска емисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот