Војдан Стојановски успешно опериран, за неколку дена е во Скопје

Фото: kfsm.mk

Познатиот доктор Швенк ја изведе операцијата, за неколку дена капитенот доаѓа во Скопје, следува шестмесечна рехабилитација.

Војдан Стојановски најави, а тоа беше експресно реализирано. Капитенот на македонската сениорска репрезентација никако не сакаше да губи време. По првите проценки за „штетата“, актуелниот играч на францускиот ЛНБ лигаш, Гравелин Данкерк, одлучи веднаш да оди на операција. И тоа во Австрија кај еден од најдобрите европски и светски стручњаци за санирање на повреди во пределот на коленото.

По задолжителните прегледи на повреденото место, синоќа Др. Швенк го изврши оперативниот зафат, кој според Војдан поминал во најдобар можен ред.

Констатирано е „кинење“ на лигаментот, но нема други оштетувања во коленото. Па сега, по краткото задржување во клиниката, Стојановски во понеделник претпладне се враќа во Скопје каде ќе го почне оној, се чини потежок и подолготраен процес, рехабилитацијата.

Според првите процени, опоравувањето ќе биде во рок од најмалку шест месеци, што значи дека Стојановски би бил подготвен за враќање на теренот некаде во вториот дел од годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот