Војдан пред турнирот во Талин: Тест за сите нас и искуство за помладите во тимот

Фото: КФСМ

За капитенот на машката сениорска селекција, и тоа веќе долги години, Војдан Стојановски, натпреварите во Талин, зошто не и во Гљивице, се тест за можностите на тимот но во исто време, можност повеќе за прибирање на преку потребното искуство за оние помлади играчи кои се дел од овој собир во главниот град на Естонија.

„Ова сум го кажал во доста прилики, и тоа останува и за оваа. Ние како екипа, кои сме тука во Талин, ќе дадеме се од себе да се прикажеме во еден добро светло и да стигнеме до еден добар резултат“.

Извесно е дека пред себе имаме три доста квалитетни противници како што се селекциите на Чешка, Израел и Естонија, која е и во улога на домаќин на турнирот кој стартува на 12. август.

„Што се однесува до противниците, станува збор за доста добри репрезентации. Во изминатиот период видовме со кој потенцијал ќе дојдат тука во Талин. Оттука сметам дека ова ќе биде еден добар тест, да видиме колку можеме во еден ваков состав, во кој има неколку измени. Но во исто време да биде и едно искуство плус за оние помладите играчи во репрезентацијата пред кои следуваат и други вакви, слични оредизвици“- додава капитенот пред официјалниот почеток на турнирот кој е закажан за утре попладне.

Според програмата, турнирот кој се игра во градската арена „Тондираба“ во Талин, од 15.часот, ќе го отвори дуелот помеѓу домаќинот Естонија и Чешка. А три часа подоцна, од 18.часот, Македонија ќе игра против репрезентацијата на Израел.

ОЛИМПИСКИ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ – ТАЛИН 2023

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

12. АВГУСТ (САБОТА)

15.00: Чешка – Естонија

18.00: МАКЕДОНИЈА – Израел

13. АВГУСТ (НЕДЕЛА)

15.00: Израел – Чешка

18.00: Естонија – МАКЕДОНИЈА

14. АВГУСТ (ПОНЕДЕЛНИК)

СЛОБОДЕН ДЕН

15.АВГУСТ (ВТОРНИК)

15.00: Чешка – МАКЕДОНИЈА

18.00: Израел – Естонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот