Водечките дански клубови се завериле против Андреас Трајковски
Двата водечки атлетски клуба во Данска решиле да го спречат Андреас Трајковски да освојува медали на националните првенства во оваа земја, затоа што на меѓународните натпреварувања ја претставува Македонија
Скокачот во далечина Андреас Трајковски (32) има двојно државјанство, данско, од земјата во која е роден и македонско, од земјата од која потекнува.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тој се натпреварува за Македонија во меѓународните натпреварувања, но како Данец се натпреварува и во државното првенство на оваа земја во атлетика и минатото лето таму го освои сребрениот медал.
Но ова може да се промени во иднина затоа што двата водечки клуба во Данска, Спарта и Архус, предложиле да се воведе правило за оние кои настапуваат на меѓународни натпревари со државјанство што не е данско, да не можат да освојуваат трофеи во националните првенства на оваа земја.
Набргу ќе се знае дали ова правило ќе биде усвоено од тамошната федерација.
– Јас сум бесен и разочаран. Всушност сум и лут, бидејќи мислам дека е нереално да трошат време на ова кога зборувате за лице кое е Данец, има данско државјанство, има дански пасош, живее во Данска и плаќа дански даноци. Изгледа како личен напад. Веројатно сум единствениот во моментов кој освоил медали од светските првенства со двојно државјанство. Затоа ме прави тажен – вели Андреас Трајковски. Тој смета дека овој предлог е насочен директно против него.
Андреас Трајковски беше финалист на Европското првенство 2025 во дресот на Македонија.
Трајковски се натпреварува за Хвидовре во данските натпреварувања, но доколку се натпреваруваше за еден од двата најдобри клуба, предлогот немаше ни да се појави, смета самиот скокач во далечина.


