Водата во „Димо Хаџи Димов“ е чиста, може да се пие, се чекаат резултатите од останатите тестирања
Од ЈП „Водовод и канализација“ утрово информираат дека по направените проверки од мостри на водата во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Влае пред два дена, утврдено е дека водата е питка и може да се користи.
Препорачано
„Водовод и канализација – Скопје на ден 26.11.2025 година изврши вонреден мониторинг врз основа на пријава од ООУ „Димо Хаџи Димов“, општина Карпош. Секторот за санитарна контрола зема 4 примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и две за микробиолошка анализа. Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, при што констатираме дека водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува“, велат од „Водовод и канализација“.
Синот на премиерот Мицкоски е меѓу децата затруени во училиштето во Влае
Ова следи откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) завчера, по пријава, ја затвори кујната во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, бидејќи пред три дена десетици ученици се пожалиле на стомачни болки, а од Институтот за јавно здравје најавија дека денеска во 13.30 часот ќе ги соопштат резултатите од тестирањата.


