„Водата уништи сè, но не и проклетиот вирус”, поставени пунктови за вакцини во разурнатите региони од поплавите во Германија

Невреме Германија/Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Волонтери од Црвениот крст и службите за итни случаи во Германија денес поставија подвижни тоалети и распоредија комбиња за вакцинација во разурнатите региони од поплавите, обидувајќи се да спречат појава на итна здравствена состојба.

Во катастрофалните поплави минатата недела загинаа повеќе од 160 луѓе и беа уништени села во ридскиот кварт Арваилер, оставајќи илјадници во урнатини, без канализација и вода за пиење, пренесува Ројтерс.

– Немаме вода, струја, бензин. Тоалетите не можат да се чистат. Ништо не работи. Не можете дури и да се истуширате. Јас сум скоро 80 ​​години и никогаш не сум доживеал такво нешто – рече Урсула Шук.

Чувството на неверување е масовно присутно кај жителите и хуманитарните работници кои се обидуваат да се справат со хаосот предизвикан од поплавите.

Доколку операцијата за чистење не е брза, постои ризик од ширење на заразни болести, а очевидците тврдат дека виделе стаорци како влегуваат во контејнерите и се хранат со фрлена храна.

– Водата уништи сè, но не и проклетиот вирус – огорчено изјави Олав Кулак, координаторот за вакцинација против вирусот корона во тој регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот