
Во зима испраната облека замирисува: Трикови како брзо да ја исушите и да не мириса на мувла
Сите сакаат кога облеката е свежо испрана. Едно од најубавите чувства е кога, по туширање, ќе облечеме чисти и миризливи алишта. Сепак, во текот на зимските денови е многу тешко да се постигне тоа бидејќи нема доволно сонце, а влажноста е превисока.
Препорачано
Сушењето алишта во затворен простор во зима има уште еден недостаток: во одреден момент воздухот е заситен со водена пареа и повеќе не може да впие ништо. Тогаш престанува сушењето. Тогаш мора да го проветрите просторот – тоа значи дека влагата излегува, но и топлината оди со неа. Резултат: домот мора да го загревате повеќе и да платите повисока сметка за парно или за електрична енергија.
Во лето полесно се сушат алиштата бидејќи материјалите се многу потенки, има повеќе сонце и ветар, но во зима имаме проблем со џемперите и гломазните материјали кои многу тешко се сушат и по центрифугирањето. Голем проблем настанува кога овие алишта нема да се исушат навреме, а од предолго стоење во ваква состојба почнуваат дури и да замирисуваат, а потоа се неупотребливи и повторно треба да одат во машината за перење.
Ви донесуваме предлози како да ги исушите алиштата во зимските денови.
Прво и основно правило – проветрувајте и не сушете на радијатор.
За некои единствено решение е да ги исушат алиштата во своите домови. Во тој случај, многу е важно да се создаде проток (струење) на воздухот и редовно да проветрувате. На овој начин алиштата брзо ќе се исушат, а со тоа и ќе се спречи формирање на мувла во станот. Не ги сушете алиштата на радијатор, бидејќи на тој начин во нив се собираат бактерии и ризикувате да се појави споменатата мувла во станот, а тоа никој не го сака. Меѓу другото, мувлата е опасна и за здравјето на човекот.
Не го полнете сушилото
Ако алиштата ги сушите на сушило во домот, внимавајте да не го преполните, да не ги збиете алиштата во секој ред од сушилото.
Сушилото на кое ги сушите алиштата не треба да биде полно. Оставете простор помеѓу ткаенините за да може воздухот непречено да струи.
Кога има сонце…
Ако надвор е сончево, задолжително алиштатата изнесете ги надвор. Може да се случи алиштата да замрзнат, но штом ќе ги внесете внатре, на собна температура брзо ќе бидат суви.
Трикот со крпа!
Ако немате машина за сушење, имаме еден совет за вас. Ставете внатре со влажната облека и една сува крпа. Крпата ќе ја впие влагата што се создава во машината, а и таа полека ќе се исуши со остатокот од алиштата. На овој начин вашите алишта побрзо ќе се исушат и ќе бидат понежни и помеки кога ќе ги извадите од машината.
Полусувите алишта веднаш испеглајте ги и не чекајте целосно да се исушат, подобро ќе се испеглаат, а пеглата дополнително суши и ја дезинфицира ткаенината.
Како да го избегнете мирисот на мувла на алиштата?
Деновиве, многумина кои ги сушат испраните алишта во станот веројатно почувствувале дека мирисаат непријатно на влага. За среќа, експертите за чистење открија зошто се случува тоа и како да го спречат проблемот, пишува Експрес.
Па зошто облеката го има тој непријатен мирис? Без оглед на тоа колку е силен мирисот на употребениот омекнувач, мирисот на мувла е предизвикан од заробената влага во облеката. Ако остане малку влага по сушењето, облеката ќе мириса на влажност дури и кога конечно ќе се исуши. Мирисот ќе биде особено забележлив ако алиштата ги здиплите и ги ставите во плакарот додека се сѐ уште влажни, а предолгото оставање на влажната облека во машината за перење исто така може да ја направи смрдлива.
„Истото важи и ако ја оставите влажната облека во машината за сушење без да ја вклучите. Влажноста и затворениот простор се рецепт за мирис на мувла“, објасни Ник Елис, експерт за чистење во „Клин хаус фаст“.
Уште една честа причина е сушењето во мала или слабо проветрена просторија.
Експертите тврдат дека е важно просторијата да има добра вентилација, бидејќи ако има премногу влага во воздухот, облеката ќе мириса на мувла.
Експертите споделија неколку совети за одржување на свеж мирис на облеката при сушење во затворен простор, а првиот е – влажната облека веднаш да ја исперете. Тие истакнуваат дека за влажната облека пред да ја ставите во машината треба да се погрижиете на ист начин како и за сувата облека. На пример, крпите или тренерките што ги носевте вчера на дожд треба веднаш да се исперат. Ова ќе го спречи мирисот на влага.
Друг совет е да ја намалите количината на алишта што ги перете. Сосема разирливо е да сакате да ги исперете сите валкани алишта одеднаш, но пренатрупаноста на машината може да доведе до неефикасно чистење и многу непријатен мирис на влага. Експертите тврдат дека пренатрупаната машина за перење може да ја остави вашата облека повлажна кога ќе ја извадите, што значително го продолжува времето на сушење, па затоа внимавајте да не го надминете назначениот капацитет на вашата машина.
Последниот совет е да ја исперете облеката со топла вода и оцет, а ако облеката веќе мириса на влага, белиот оцет ќе помогне да се реши тој проблем. Исто така, прво проверете ја етикетата за нега на облеката и перете ја на највисоката температура препорачана од производителот за да ги отстраните непријатните мириси.