ВО ЖИВО: Почна статусната конференција за лидерите на ОВК, обвинението има над 40 илјади страни

Со задоцнување од 45 минути започна првата статусна конференција пред Специјализираните комори на Косово во Хаг во судскиот процес против поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими. Тие се обвинети за воени злосторства и против човештвото.

Според информациите од Хаг,  конференцијата за статусот има за цел да ги разгледа аргументите на одбраната при првите настапи, да обезбеди информации за истрагата на обвинителството, докази што ги има обвинителството, да ги обелодени, бројот на сведоци на кои обвинителството ќе се потпре во постапката или да додаде дополнителни на списокот.

Според Специјалното обвинителство, придружниот материјал за обвинението поднесен за потврда има над 40 илјади страници.

За да го потврди нивното обвинение, обвинителството за време на судењето ќе сослуша 153 сведоци.

Овластениот адвокат на ОВЛ-ОВК, Том Гаши е убеден дека по извесен период сите што се обвинети ќе бидат ослободени од обвиненијата.

– Јас сум го видел обвинението на Специјалниот суд и тоа се главно точки кои се веќе завршени за време на судењата кои ги раководеа судиите на УНМИК, судиите и обвинителите од ЕУЛЕКС и во неколку случаи со неколку припадници на ОВК кои беа пред судовите и судиите од Косово. Специјалниот суд во Хаг дефинитивно не требаше да постои никогаш во ова форма како што е и да суди само една од страните кои војуваа. Бидејќи се работи за војната, а таа не беше меѓу Албанците туку со војската, полицијата и српските парамилитарци од кои ОВК го бранеше цивилното население и територијата на Косово заедно со косовскиот народ – рече Гаши за Слободен печат.

ЗА ДА ЈА СЛЕДИТЕ СТАТУСНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ЖИВО, КЛИКНЕТЕ ТУКА.

ВИДЕО | Косовската пратеничка Кадријај: Специјалниот суд во Хаг не е легитимен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот