ВИДЕО | Косовската пратеничка Кадријај: Специјалниот суд во Хаг не е легитимен

Пратеничката Тиме Кадријај од редовите на ААК, која за време на косовската војна беше докторка во редовите на ОВК, а неодамна беше и повикана како сведок во хашкото обвинителство во изјава за Слободен печат вели дека била против формирањето на Специјалниот суд. 

Според жената која рамо до рамо со Рамуш Харадинај се бореше против режимот на Милошевиќ, судот не е легитимен.

„Оваа форма да се поистовети криминалецот со жртвата не е фер. Не е фер тоа што сега се судат лидерите на ОВК бидејќи ова е едноетнички суд. Овој суд требаше да биде формиран за да ги осуди сите воени злосторства. Ни еден од српските политичари кои имаа удел во масакрите не се осудени. Ваков суд требаше да биде формиран во Белград, не во Косово“ вели Кадријај.

Проследете ја целата изјава на Тиме Кадријај за Слободен печат во видеото:

Видео на денот