Во Женева почнуваат клучните преговори за Украина: Пристигнуваат делегации од светот, американски дипломатски возила се движат низ улиците
Специјалниот пратеник Стив Виткоф, државниот секретар Марко Рубио и секретарот Даниел Дрискол се приклучуваат на преговорите во Женева, каде украинската делегација предводена од Андриј Јермак – заедно со советници од Франција, Британија, Германија, ЕУ и претставник од Италија – ќе разговара за мировниот план за Украина.
Високи претставници од САД, Украина и советници за национална безбедност од Франција, Британија и Германија денеска ќе одржат разговори во Женева, на кои ќе се дискутира за американскиот нацрт-план за завршување на војната во Украина, објави „Ројтерс“.
Препорачано
Рано утрината, колони возила со американски дипломатски таблички биле забележани како се движат низ Женева, иако не било веднаш јасно кога точно започнуваат разговорите.
Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и државниот секретар Марко Рубио треба да пристигнат на преговорите за прекинување на руската инвазија, која влегува во четвртата година, а американскиот секретар на Армијата, Даниел Дрискол, пристигнал во Женева пред почетокот на преговорите, потврди американски претставник.
Украинската делегација ја предводи шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, а во тимот се вклучени и високи безбедносни претставници.
Советници за национална безбедност од алијансата Е3 (Франција, Британија и Германија) ќе учествуваат во разговорите, заедно со Европската Унија.
Дипломатски извори додаваат дека и Италија ќе испрати претставник.
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека подоцна денеска ќе разговара со Зеленски за мировниот план.
Во петокот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски има рок до четврток да го одобри планот од 28 точки, кој предвидува Украина да се откаже од дел од својата територија, да прифати ограничувања на својата војска и да се откаже од амбициите за членство во НАТО.
– Се надеваме дека ќе ги исчистиме завршните детали и дека ќе подготвиме договор што ќе биде поволен за нив (за Украина). Ништо нема да биде договорено додека двајцата претседатели не се сретнат – изјави американски претставник мислејќи на Трамп и Зеленски.
Украина има рок до четврток да го прифати мировниот план на Трамп
Во пресрет на заминувањето на Рубио за Женева, Трамп порача дека неговиот актуелен предлог за завршување на војната не е неговата конечна понуда.
Европските и други западни лидери во саботата порачаа дека американскиот мировен план — кој ги прифаќа клучните руски барања — може да биде основа за преговори за крај на војната, но е потребна „дополнителна работа“ за да се обезбеди подобар договор за Киев пред истекот на рокот во четврток.
Западните челници сметаат дека американскиот план за Украина треба да се разработи
Германски владин извор изјави дека европски нацрт-план, заснован на американскиот предлог, веќе е испратен до Украина и до американската администрација.
Во пресрет на разговорите, претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Украина ризикува да ги изгуби своите достоинство и слобода – или поддршката од Вашингтон – доколку го прифати планот.
Рускиот претседател Владимир Путин го нарече предлогот основа за можно решение на конфликтот, но Москва може да се спротивстави на одредени делови од планот, кој бара нејзините сили да се повлечат од некои освоени територии.
Се огласи Путин: Мировниот план на Трамп има потенцијал да стане основа за договор


