Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

ВИДЕО | Трамп: Мировниот план за Украина не е конечен

Дали мировниот план од 28 точки е последната понуда на Доналд Трамп за Украина? Според одговорот што го даде денеска за новинарите пред Белата Куќа, планот не е конечен.

„Не, ни блиску. Би сакале да постигнеме мир, тоа требаше да се случи одамна. Војната на Украина со Русија никогаш не требаше да се случи. Да бев претседател, тоа никогаш немаше да се случи. Се обидуваме да ја завршиме. На еден или друг начин, мора да ја завршиме.

 

 

Вашингтон му претстави план од 28 точки на Киев во кој се вклучени руски барања – Украина да се откаже од дел од територијата, да прифати помала војска и да се откаже од членството во НАТО.

Русија би ги задржала Донецк, Луганск и Крим, но би морала да се откаже од другите освоени територии.

Украина би добила западни безбедносни гаранции за да спречи понатамошни руски напади.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва го добила американскиот план и дека тој може да биде основа за мирно решение на конфликтот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот