Трамп-ЗеленскиEPA/AARON SCHWARTZ / POOL

Украина има рок до четврток да го прифати мировниот план на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека неговата администрација поставила рок до четврток за Украина да се согласи со планот од 28 точки на Белата куќа за прекин на војната со Русија, објави Си-Ен-Ен.

„Имав многу рокови, но ако работите одат добро, имате тенденција да ги продолжувате роковите. Но, четврток е крајниот рок“, рече претседателот во интервју за радио „Фокс њуз“.

ВИДЕО | Украина е пред еден од најкритичните моменти од војната, предупредува Зеленски

Планот на администрацијата, според нацрт-документот што го виде Си-Ен-Ен, предвидува Киев да отстапи територија на Русија, како и „де факто“ признавање од страна на САД на Крим и другите украински територии што Кремљ ги насилно ги зазеде. Од Украина, исто така, ќе се бара да ја ограничи големината на својата војска.

Многу од овие идеи веќе беа отфрлени од Украина и европските претставници за време на претходните преговори, сметајќи ги за значајни отстапки кон Русија.

САД може да ги прекинат разузнавачките информации и оружјето, за да ја принудат Украина да склучи мировен договор

Трамп беше прашан дали планира да ги повлече санкциите што неговата администрација ги воведе врз Русија, на што тој одговори дека не планира да го стори тоа.

„Не правам ништо што има врска со укинување на санкциите“, додаде претседателот.

Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин не бара уште една војна и дека трпи казна.

Објавен мировниот план на Трамп од 28 точки за окончување на војната во Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот