ВИДЕО | Украина е пред еден од најкритичните моменти од војната, предупредува Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео порака предупреди дека земјата се соочува со еден од најтешките моменти од почетокот на руската инвазија.
Препорачано
Тој истакна дека Киев е под исклучително силен политички и дипломатски притисок од Соединетите Американски Држави и дека во наредните недели ќе мора да донесе исклучително тешки одлуки.
❗️❗️ Zelenskyy has published an address to the Ukrainian people.
“We are now living through one of the most difficult moments in our history. Right now, Ukraine may face a very tough choice: either the loss of dignity, or the risk of losing a key partner. Either a difficult… pic.twitter.com/bfS8U1bLBr
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) November 21, 2025
Зеленски нагласи дека Украина се соочува со „тежок избор“, ризик од губење достоинство или ризик од губење клучен партнер, како и можност за „најсурова зима“ и дополнителни закани.
Тој истакна дека Киев ќе продолжи со конструктивни разговори со САД, нудејќи аргументи и алтернативи, но без да му даде на непријателот причина да тврди дека Украина не е подготвена за мир.
Претседателот повика на единство, прекин на внатрешните конфликти и фокусирање на вистинскиот непријател, потсетувајќи дека Украина не се предала во првите денови од инвазијата и нема да се предаде ни сега.
Според него, следната недела ќе биде особено тешка поради очекуваниот политички и информативен притисок насочен кон дестабилизација на земјата.
Објавен мировниот план на Трамп од 28 точки за окончување на војната во Украина


