Фото: МИА архива

Јермак ќе ги води разговорите со Вашингтон и Москва

Претседателот на Украина Володимир Зеленски го назначи Андриј Јермак да ја предводи делегацијата што ќе води разговори со САД и Русија како дел од иницијативата за мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп. Уредбата за назначувањето е објавена на страницата на украинскиот претседател каде се наведува дека  на Јермак му е „дозволено да прави измени во составот на украинската делегација, во договор со претседателот на Украина“.

Според уредбата, претходниот шеф на преговарачкиот тим за разговори со Русија, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана (NSDC), Рустем Умеров, исто така ќе остане дел од тимот, кој сега ќе се приклучи на поширока преговарачка рамка со претставници на САД и Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот