КПУ Затвор „Скопје“ Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Во затворот во Шутка попладнево е темница, нема струја поради дефект на далновод

Во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е прекинато снабдувањето со електрична енергија од 17 часот попладнево, објави „Инфомакс“.

Според неофицијални информации, агрегратите за струја не работат, а граѓаните прашуваат дали на овој начин државата штеди електрична енергија со исклучување на струја во институции како што е затворот во Шутка.

Од ЕВН за „Инфомакс“ одговориле дека информацијата е точна, затворот „Скопје“ од 17 часот е без струја, ситуацијата е пријавена, а екипи работат на терен.

Причината за прекинувањето на електричната енергија е дефект на далновод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот