згради на Водно / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Во вториот квартал впишани 2.876 хипотеки врз недвижности

Во периодот април – јуни годинава се запишани 2 876 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 551.537.664 евра и 8.319.220.917 денари, покажува Извештајот за работата на Агенцијата за катастар на недвижност за вториот квартал годинава.

Како што објави МИА, од април до јуни годинава во Центарот за катастар на недвижности Скопје се впишани 1.522 хипотеки во вредност од 289.526.966 евра и 4.999.018.379 денари, а во 29-те одделенија на катастарот  низ државава 1 354 со вредност од 262.010.698 евра и 3.320.202.538.

Хипотеките во вториот квартал се за 280 повеќе во однос на тие во првиот квартал 2025-та  кога биле впишани 2.596 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 384.969.557 евра и 4.929.828.022 денари.

Статистиката на АКН покажува зголемување на бројот на хипотеки во изминатите неколку години. Минатата година, во периодот јануари – декември се запишани 8.748  товари врз недвижностите со вкупна вредност од 1.719.022.360 евра и 15.161.817.874 денари, а во 2023 година  7.844 со вредност од 1.572.943.764 евра, 11.585.447.070 денари, 77.983.115 швајцарски франкови и 108.772 американски долари.  Во 2022 година, пак, се регистрирани 7.658  товари врз недвижностите во вредност од 1.549.977.309 евра, 9.452.669.859 денари и 20.000 американски долари, а во 2021 8.386 и со вкупна вредност од 1.997.252.023 евра и 15.824.963.591 денар.

Во базата на Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал годинава се внесени 6.135 купопродажби на недвижности (збир од вкупниот број на продажби, продажби на лицитација, продажби од инвеститор и откуп од Република Северна Македонија), за 580 повеќе во однос на претходниот квартал, кога биле регистрирани 5.388.

Според последните податоци на Народната банка, во септември годинава, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, на месечна основа се зголемени за 0,9 проценти и 1,6 проценти, соодветно, при годишен раст од 10,2 проценти и 16,1 процент соодветно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот