Во Вила Водно пред пат за Норвешка и Авганистан: Медицински тим во мисијата „Одлучна поддршка” на средба со Пендаровски

Фото: mia.mk

Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска го прими шестчлениот медицински тим од јавното и военото здравство што ќе замине во мировната мисија „Одлучна поддршка” во Авганистан од март до септември оваа година и ќе работи во рамки на норвешката болница во Кабул.

Тимот од тројца доктори-специјалисти и три медицински сестри, соопштија од кабинетот на Пендаровски, утре заминува во Кралството Норвешка на тримесечна обука заедно со норвешките колеги кои ќе бидат дел од истата ротација во Кабул. Оттаму, во март тие ќе заминат во Авганистан, како дел од мисијата. Петмина од нив се од јавното здравство, а една е медицинска сестра од Баталјонот за медицинска поддршка на Армијата.

Претседателот Пендаровски на средбата им посакал успех во мисијата и изразил уверување дека нејзината реализација е значаен чекор кон формирање на хируршки тим што ќе биде на располагање на НАТО, обврска што Република Северна Македонија како членка на Алијансата треба да ја исполни до 2028 година.

– Со реалицијата на оваа мисија, Република Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата посветеност и подготвеност да придонесе за зајакнување на мирот и стабилноста и да одговори на поставените барања и задачи, овој пат како рамноправна членка на НАТО, рекол претседателот Пендаровски се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот