-3 C
Скопје

Во Велика Британија 608 починати од Ковид-19, најмногу од мај

Во Велика Британија денеска се регистрирани 608 смртни случаи од Ковид-19, што е најголем број на починати од мај, соопштија локалните власти.

Обединетото Кралство исто така денеска регистрира 11.299 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што е голем пад во споредба со претходните денови, кога Британците дневно имаа просечно 25.000 пациенти, а еден ден имаа над 33.000.

Сепак, денешните бројки се загрижувачки, бидејќи вчера во земјата имаше 203 смртни случаи, а денеска 608.

Најцрниот ден во Велика Британија беше на 21 април, кога починаа 1.116 лица.

Велика Британија досега евидентирала 1,538 милиони случаи на коронавирус, а починале 55.838 .

Извор.МИА

Прочитајте и...  СДСМ: Состојбата со ковид-19 се стабилизира, расте бројот на оздравени лица, се намалуваат смртните случаи и новозаболените

Поврзани вести

Фон дер Лајен: Западен Балкан ќе ги добие ветените вакцини најбрзо што може

Слободен печат

Лидерите на ЕУ заклучија: Границите остануваат отворени, но се воведуваат рестрикции за патувањата

Слободен печат

Зошто Твитер трајно го суспендираше профилот на Трамп: Хронологија на сите навреди во последните 6 години

Слободен печат

Швајцарија веќе нема да биде неутрална? Државата покрена кампања после која ништо нема да биде исто

Слооден печат

Фолскваген може да заработи казна од над 100 милиони евра за неисполнување на целта на ЕУ за емисија на гасови

Слободен печат

Бајден: Следниот месец во САД ќе има 500.000 починати од ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар