Во тетовскиот пожар едно лице е повредено, а три лица задушени

Фото: mia.mk

Во пожарот кој денеска пламна во објектите на „Пофикс“ во Тетово има четворица повредени. Три лица се со асфиксија (гушење), а за едно лице има скршеница на коленото, но нивната состојба е стабилна, изјави доктор Газменд Ибиши од тетовската Итна помош.

„Досега имавме три случаи на асфиксија, кои изгубија дел од кислородот на терен. Не беа во тешка состојба, само ги превезовме на стажантско одделение, добија помош. Имаше цивили кои доброволно укажаа помош и еден со повреда кој беше повреден со овие превозни средства, пренесен е на ортопедија, постои сомневање дека го скршил коленото“, изјави доктор Ибиши.

 

ВИДЕО: Кон Тетово тргнаа противпожарни возила од Куманово и Кавадарци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот