Во терористички напад во Сомалија убиени тројца војници од Емиратите и еден од Бахрен

Сомалиските сили имаат голема поддршка од регионалните земји - Фотографија ЕПА, Елијас Ахмед

Групата Ал Шабаб ја презед одговорноста за терористичкиот напад во Сомалија, во кој беа убиени тројца војници од Обединетите Арапски Емирати и еден од Бахреин.

Напаѓачот бил регрут, кој отворил оган врз инструкторите кога почнала молитвата. Регрутот бил застрелан.

Војниците учествувале во обука на сомалиските оружени сили, во рамки на билатералниот договор за соработка, во воената база „Генерал Гордон“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот